ДИК: Арсовска во предност со околу 4.000 гласови пред Шилегов, преброени 79 отсто од гласовите

Според првичните податоци објавени на вебстраницата на ДИК, за градоначалник на Скопје обработени се 79.85 отсто од гласовите.

Според овие податоци, независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска освоила 67.802 гласа, додека кандидатот на СДСМ Петре Шилегов 63.865 гласа и според тоа тие двајцата ќе се соочат во вториот круг на 31 октомври.

Зад Арсовска и Шилегов е Петар Георгиевски од Левица со освоени 15.611 гласа, потоа Арбен Шакири од ЛДП/ДОМ со 7 377 гласа и Ана Петровска од Зелен Хуман град со 7.147 гласа.