Рекордни цени на дизелот во Германија

Цените на дизелските горива во Германија на бензиските станици достигнаа рекордни 1,555 евра за литро, извести во понеделникот германскиот автоклуб ADAC.

Во националниот денвен просек во неделата цената изнесувала во 1,555 евра за литро, што е незначително повеќе од претходната рекордна цена од 1,554 евра, кон крајот на август 2012 година, пренесуа весникот Bild.

Истовремено и бензинот не заостанува многу во уривањето на рекордите. Во неделата се продавал по 1,667 евра по литар. Тоа значи дека само 4,2 евро-центи го делат од 1,709 евра од септември 2012 година.

Цените на горивата во Германија растат со месеци, а главниот двигател е засилената побарувачка поради економското закрепнување по првите бранови на пандемијата на коронавирусот, што во комбинацијата со недоволната понуда го покрена растот на цените на нафтата.

Во случај на дизелот, како што додаваат од ADAC, поскапувањето дополнително го поттикнало големата побарувачка по мазут пред зимата, како и данокот на јаглерод диоксид од 25 евра по тона, што резултира со дополнителни намети.

Поскапувањата предизвикаа и дискусии на германската политичка сцена, па меѓу другите министерот за сообраќај на заминувае Андреас Шеуер од баварската Христијанско-социјалната унија (CSU), неодмана повика на подготовка на ефикасни противмерки во случајот на натамошно остро посгкапување на енергијата и горивата.

Голем дел од цените на гориавата на германските бензиски црпки го сочинуваат даноците и акцизите. Во случај на дизела, на сегашното ниво на цената тоа е 25 центи за ДДВ, 46 центи за данок и 6 до 8 ценит давачка за јаглерод диоксид.