Од Градскиот совет на Њујорк се отстранува статуата на претседателот Џеферсон

Градото Њујорк во понеделникот го одобри предлогот за отстранување на статуата на Томас Џеферсон, еден од основачите на Соединетите држави, од Градскиот совет во кој се наоѓа повече од еден век, поради неговото робовладетелско минато.

Градската комисија едногласно го усвоила предлогот за отстранувањето на статуата на Томас Џеферсон, којшто е и еден од авторите на Декларацијата за независноста на Соединетите држави.

Се повикуваат на тоа дека Џеферсон на својата плантажа во денешната сојузна држава Вирџинија во заточеништво држел повеќе од 600 робови и робинки, а со една од робинките имал шест деца.

Отстранувањето на статуата од советот веќе неколку години го бараа латиноамериканските и црнечки градски советници. Се очекува дека ќе биде пренесена во салата на Историското друштво на градот Њујорк.

Третиот американски претседател „Томас Џеферсон ги испишува некои од најсрамните страници во долгата и богата историја на нашата земја“, изјави афромаериканската советничка на градот Њујорк, Адриен Адам.

Дискусите за присутната на оваа статуа во просторот на Градскиот совет на Њујорк ги заживеа движењето Black Lives Matter, кое беше поттикнато од полициското убиство на афроамериканецот Џорџ Флојд во мај 2020-те во Муинеаполис. Насилните протести проследените со масовни грабежи, подметнувања пожари, судири и убиствата предизвикаа и уривања на споменици на славни личности од американската историја, вклучиетлно и на италијанско-шпанскиот истражувач и морепловец Кристофер Колумбо кој прв допловил од Европа до Америка. Трендот на уривањето статуи и споменици во „расчистувањето со колонизаториското и робовладетелско минато“ се пренесе и на Канада и во западна Европа.