Победи на Еспањол и Реал Бетис во Примера

Фудбалерите на Еспањол и Реал Бетис остварија победи во натпреварите од деветтото коло на шпанската прва лига одиграни во понеделникот вечерт/

Реал Бетси на гостувањето го совлада Депортиво Алавес со 1:0, а победничкиот погодок го постигна Борха Иглезијас во 89 минута од натпреварот.

Во вториот дуел вечерта заврши со победа на Еспањол над Кадиз со 2:0. Домашниот поведоа во судиското продолжение на првото полувреме со голот на Раул де Томас, а победата ја потврди Нико Меламед во 65 минуте.

Реал Бетис со победата скокна на осмото место со 15 бодови, само два бода помалку од второпласираните четири екипи. Еспањол е 11-ти со 12 бодови, Кадиз е на 16-то место со седум бодовим, додека Алавез е во зоната на испаѓање перетпоследен 19-ти е со само три бода.

На чеко на Примера е Реал Сосиедад со 20 бодови, а со три бода помалку го следат Реал Мадрид, Севилја, Атлетико Мадрид и Осасуна, со тоа што првите три наведени екипи имаа меч помалку. Шести е Реал Валјекано со 16 бодови, а на седмото место се искачи Барселона со 15 бодови, која исто така има натпревар помалку.