
Земјотрес со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала изутрината во 3 часот и 26 минути е почувствуван во Охрид и Струга, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 3,1 степени, а епицентарот се наоѓал на 125 километри југозападно од Скопје во Охридското епицентралното подрачје