
Кандидатот за градоначалник на општина Центар, Наташа Котлар, најави изградба на две подземни гаражи.
-На сопствениците на подземни гаражи во големите комплекси, како во Градски Ѕид, ќе им помогнеме финансиски гаражите да станат модерни и безбедни, а по примерот на таквите подземни гаражи ќе изградиме уште две со цел паркирањето на центарци да биде максимално олеснето, напиша на Фејсбук, Котлар.