
Русија, Кина и Иран повикаа во заедничка декларација во средата на соработка со талибаните кои од средината на август се вратија на власт во Авганистан по повлеквуањето по две децении на војските на САД и нивните сојузници, за да се обезбеди стабилност на земјата и регионот истовремено поттикнувајќи ги членовите на споменатото радикално исламистичко движење да водат „умерена политика“.
„Загрижени поради дејствувањето на забранетите терористички организации во Авганистан, страните ја подготвија подготвеноста на продолжување на јакнењето на бебзедноста во земјата за да се придонесе кон регионалната стабилност“, се истакнува во заедничката изјава на трите земји донесена по разговорите за ситуацијата во таа земја водени во Москва.
Талибанската делегација, исто така, во средата престојуваше во Москва на првите меѓународни преговори на руска територија откако дојдоа на власт во август, а на кои учеството го откажаа САД. Во преговорите со новите авганистански власти учествуваа десет земји: Русија, Кина, Иран, Пакистан, Индија, и петте поранешни советски републики во централна Азија коишто граничат со Авганистан.
Земјите истовремено ги повикуваат талибаните да водат „поумерена политила, како на внатрешен, така и на надворешен план“, се наведува уште во заедничката изјава.
Ги повикуваат новите власти во Кабул да водат „пријателска политика кон земјите коишто граничат со Авганистан и да ги остварат заедничките цели за траен мир, безбедност и благосостојба“ пишува во изјавата. Земјите потписнички ги повикуваат талибаните и да „ги почитуваат правта на етничките и религиозни групи, на жените и на децата“.
Во заедничката изјава се повикува и на „заедничка иницијатива“ за во рамките на Обединетите нации да се организира меѓународна донаторска конференција за Авганистан. Како што се наведува во заедничката изјава, „товарот на економското обновување на развој“ на Авганистан треба да го понесата „учесниците во судирите кои во таа земја се одвиваа во последните 20 години“ јасно алудирајќи на САД и западните земји.
Авганистан, кој е разорен со децениите воени конфликти и системската корупција на претходните власти, сега е изложен на двојна закана: на тешка хуманитарна и бебзедноста криза, поради дејството на екстремистички групации, во прв ред на смртоносните бомбашки напади изведувани од ултрарадикалнта сунитска организација Исламска држава на Хорасан.
Според многу влади и медиуми од Блискиот исток, послениот месец одредени земји ослободуваат од заточеништво борци на Исламската држава и од Сирија и Авганистан ги префлаат во Авганистан.