
Израел на својата територијата го идентификувал првиот случај на подваријантата на делта верзијата на коронавирусот SARS-CoV-2, која веќе е откриена во Велика Британија и во некои други европски земји.
„Во Израел е идентификувана варијантата AY 4.2, којашто е откриена во повеќе европски земји“,во вторникот ноќта соопшти израелското министерство за здравје.
Единесетгодишно дете од Европа било носител на оваа подваријанта во Израел. Било идентификувано на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив и е сместено во карантин, наведува министерството, додавајќи дека од тогаш не е потврдени ниеден друг случај.
Дуректорот на Институте за генетика при UCL во Лондон, Франсоа Белу, вели дека новата варијанта сѐ уште е ретка и оти се чини дека не е позаразна од другите.
Во Велика Британија, пак, расте бројот на случаите на зараза со подваријантата на делта сојот, но не е веријатно дека ќе ја промени вкупната слика за Covid-19, изјави во средата Ендрју Полард, шеф на Оксфордската група за вакцини.
Подваријантата AY 4,2 сочинува околу 6 отсто од секвенционирани примероци, објави минатата седмица британската Агенција за здравствена сигурност, но не е под истрага и не е означена како варијанта којашто предизвикува загриженост.
„Важно е да се следи откривањето на новите варијанти, но тоа не значи дека новата варијанта ќе биде идната којашто ќе ја замени делта варијантата. Дури и доколку тоа се случи, делтата неверојатно добро се пренесува меѓу невакцинираната популација, а новата би можела да биде уште и малку подобра, но тоа веројатно нема драматично да ја промени сликата во однос на сегашната“, изјави Полард за BBC Radio.
AY.4.2 е една од 45 подваријанти на вирусот делта, регистрирани ширум светот, идентификувани од научниците во јули и има две карактеристични мутации, наречени Y145H и A222V, во протеинот со шилец со кој вирусот ги инфицира човечките клетки и засега нема индикации дека овие промени значително ја зголемуваат преносливоста, но ова го проучуваат експерти.