
Христо Кондовски, наводно ќе одел да се сретне со граѓаните. Сметаме дека тоа е одлична можност, можност за Христо Кондовски на лице место да им одговори на битолчани на прашањата кои ги поставија уште на првиот ден од изборната кампања а сеуште не добиле одговор. Христо Кондовски, треба да им одговори на битолчани, дали е точно дека една од неговите приватни фирми врши незаконска рекатегоризација на возилата и со тоа ја оштетува државата?, ова денеска преку прес-конференција го истакна Михајло Вангелов, советник во Советот на општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали е вистина дека оваа пракса е за неговите пријателски компании со привилегии кај власта? Дали Христо Кондовски на овој незаконски начин ја оштетува државата за илјадници евра и директно ги крати парите кои на битолчани им се потребни за подобри училишта, за подобра болница, за повеќе градинки, за подобрри улици? Да одговори и на прашањето на битолчани за врската со Васко Ковачевски и заедничкиот 4 милионски тендер? Христо Кондовски треба да одговори дали неговата фирма која посредува помеѓу клиенти и осигурителни компании е вклучена во изработка на условите за тендер во ЕСМ токму за овие услуги?“, праша во средата Вангелов.
Додаде дека Христо Кондовски се кандидира за да заработи, а не да работи за Битола.