
Индија до четвртокот ја примени милијардитата доза на вакцините против Covid-19, а владата успехот го промовира со песна и танц и покрај тоа што неодманешниот пад на интересот за имунизација ги загрижува здравствените власти.
Индија барем со една доза вакцинирала 75 отсто од 944 милиони возрасни, но само 31 отсто со двете. Владата сака да ги вакцинира сите возрасни до крајот на годината.
„Индија ја испишува историјата. Сведоци сме на триумфот на индиската наука, претприемништвото и колективниот дух (на 1,3 милијарди) Индијци“, напиша на Twitter премиерот Нарендра Моди.
По тој повод Моди ја посети владината болница во Њи Делхи, а министерството за здравство најави музички и други програми ширум земјата.
Коронаинфекциите во Индија се на најниските нивоа од март, но министерството за здравство претходно седмицава предупреди и дека „значителен број луѓе во Индија не ја земаче втората доза од вакцината во рокот и покрај доволните резерви“. Здравствените власти ги повикуват Индијците што поскоро да се вакцинираат, бидејќи во текот на сезоната на верските фестивали расте ризикот од нов бран на заразите.
Речиси 90 отсто од искористените вакцини во земјата се од Институтот за серуми на Индија (SII), кој произведува лиценцирана верзија на вакцината на „AstraZeneca“. Институтот трикратно ги зголемил своите капацитети од април и сега месечно произведува 220 милиони дози од вакцините против Covid-19. Индија воопшто е најголемиот светски производител на сите видови вакцини.
Светската здравствена организација (СЗО – WHO), којашто силно се потпира на Индија во снабдувњето на глобалната програма COVAX, ѝ честиташе на земајта на достигнувањето на овој пресврт.
„Напредокот на Индија мора да се набљудува во конеткстот на доследноста која заслужува пофалување и напорите да осигури глобални пристап до спасоносните вакцини“, изјави Пунам Кетрепал Синг, регионалната директорка на СЗО за југоисточна Азија.
Индија досега од избувнувањето на пандемијата потврди 34,1 милиони случаи на зараза и повеќе од 452.000 починати од Covid-19.