
Неизбежна е соработката и меѓусебната поддршка во средините каде има потреба во вториот круг од локантие избори, било констатирано на средбата во четвртокот претпладнето меѓу челнците на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, брифираат од партијата.
На средбата која се одржала во Собрание, било дискутирано и биле анализирани резултатите од првиот изборен круг и била реафирмирана соработката и меѓусебната поддршка во средините каде има потреба за тоа во вториот изборен круг.
Притоа партиските лидери биле согласни дека потребни се промени и нова иднина која ја очекуваат граѓаните.