Откриени најраните докази за присуство на Викинзите во Америка пред илјада години

Радиојаглеродното датирање на парчиња преработено дрво пронајдени во текот на археолошки ископувања на викиншка населба на канадскиот остров Њуфаундленд, покажало дека Норманите пристигнале таму најдоцна до 1021 година, што претставува досега најраниот документиран доказ за присуството на Европејците во Америка, се наведува во студијата објавена во научното списание Nature.

И претходно беше познато дека Викинзите стасале до бреговите на американските континенти многу порано отколку италијанско-шпанскиот морепловец и истражувач Кристофер Колумбо, меѓутоа досега сѐ уште не беше утврдено точното време на почетокот на колонизацијата на Северна Америка од Норманите. Тим археолози од Канада, Германија и Холандија, предводени од Мајкл Ди од Универзитот во Гронинген ги анализирале древните артефакти откриени во викиншката населба Л’Анс-о-Медоуз.

Нивната точна старост е определена со биогеохронолшки маркер, односно изотопска трага по сончева бура која се случила во 992 година од нашата ера. Во секое од трите обработени парчиња дрво, овој сигнал бил на растојание од 29 годови прстени од работ.

„Различен радиојаглен емитуван меѓу 992 и 993 година од нашата ера, е пронајден во прстените на дрвото во различни делови на светот“, вели Мајкл Ди во соопштението за медиумите од Универзитетот во Гронинген.

„Откривањето на сигналот од сончева бура ни овозможува да заклучиме дека дрвото е соборено во 1021 година од нашата ера“, наведува водечката авторка на статијата др Марго Кујтемс од Универзитетот во Гронинген. Тоа е 471 година пред првото патување на Колумбо.

На секое од трите проучувани парчиња дрво, истражувачите нашле јасни траги од метални алатки, кои домородното население во тоа време ги немало. Авторите на студијата се убедени дека тоа се траги коишто сведочат за присуството на Викинзите на тие простори.

Научниците претпоставуваат дека Викинзите коишто ја основале населбата Л’Анс-о-Медоуз допловиле од соседниот Гренланд, каде што Ерик Црвенобрадиот недолго пред тоа, во 987 година, основал норманска колонија. Се претпоставува, исто така, дека меѓу 30 и 160 луѓе живееле во населбата неколку години.

Авторите забележуваат дека успеале први да го утврдат точниот датум на престој на Викинзите во Америка. Претходно, сите претпоставки се темелат главно на исландските саги, односно усната традиција запишана неколку векови по настаните кои тие ги опишуваат. Сега, според научниците, постои конкретен доказ за датум кој покажува дека луѓето од Европа го преминувале Атлантикот уште пред илјада години.

Сепак, бројот на нормандските експедиции во Америка и должината на нивниот престој на западните брегови на Атлантикот остануваат сѐ уште непознати. Досега, сите археолошки докази сугерират дека станувало збор за кусотрајни престојувња. Научниците, исто така, сѐ уште не пронашле докази кои потврдуваат какви и да се контакти меѓу Викинзите и домародното население.

 

Времето на Викинзите

Викиншките патувања преставуваат повеќекратна пресвртница за човештвото. Населбата Л’Анс-о-Медоуз ги нуди најстарите познати докази за прекуокенаските патувања. Исто така, го означува местото на коешто човекот го затворил кругот на земјиниата топка откако илјадници години порано пеш стасал во Северна Америка преку копнениот мост кој некогаш ги поврзувал Сибир и Алјаска.

„Овие северни Европејци заслужуваат пофалба зашто се првата човечка заедница која го препловила Атлантикот“, додава геологот Ди од споменатиот холандски универзитет.

Викинзите биле морепловци чии скандинаквски татковини се Норвешка, Шведска и Данска. Минувале низ Европа, понекогаш колонизирајќи ги областите а некогаш тргувајќи или ограбувајќи ги другите региони. Поседувале извонредни вештини за градење бродови и за пловидба и основале колонизаторски населби на Исланд и на Гренланд.

Реконструкција на викиншка населба во националниот историски парк Л’Аанс-о-Медоуз

„Мислам дека е чесно да се опише патувањето и како патување кое има цел да се открива но и како потрага по нови извори на суровини. Многу археолози вруваат дека главната мотивација за нивните трагања по тие нови територии било откривањето нови извори на дрво. Општо е прифатени верувањето дека заминале од Гренланд, каде дрвото погодно за градба е извонрено ретко“, толкува Ди.

Нивните дрвени пловила се движеле со помош на едра или весла. Еден сочуван примерок, наречен бродот „Осенберг“, е долг 21,6 метри.

Периодот на Викинзите традиционално се дефинира како времето меѓу 793 до 1066 година, што претставува долг временски интервал за трансатлантскиот премин. Усмените преданија наречени исландски саги го опишувале присуството на Викинзите во Америка. Запишани со векови подоцна опишуваат водач по името Леиф Ериксон и населба наречена Винланд, како и насилна и мирна соработка со локалните народи, вклучително и земање робови.

Датумот 1021 година приближно одговара на описите во оваа сага, смета Ди и го поставува прашањето колку и другите саги за авантурите се вистинити.