ВИДЕО| Тешка сообраќајна несреќа на влезот во Тетово, неофицијално се зборува и за жртви

Тешка сообраќајна несреќа се случила на влезот во Тетово.

Според неофицијалните информации како што пишува порталот news21post.com има и жртви.

Причините за несреќата сѐ уште не се познати, а на местото на несреќата пристигнала полицијата и амбулантно возило.