
Жителите на Мелбурн масовно ги запоседнаа во петокот градските пабови, ресторани и фризерски салони, откако најзатворениот град на своеот излезе од најновата серија епидемиолошки ограничување во борбата против ширењето на Covid-19.
Вториот најголем град во Австралија досега издржа 262 дена, односно речиси девет месеци, најстроги ограничувања во шест посебни „затворања“ од март 2020 година, што е најдолгото комулативно затворање на некој град во светот. На пример, аргентинската престолнина Буенос Аирес, минатата година мина 234 последователни денови во изолација.
Во Мелбурн жителите се радоуваа со извици, скандирања и ракоплескања од балконите, додека автомобиле непрекината трубеа во 23,59 часот во четвртокот кога престанаа карантинските ограничувања кои на сила беа од почетокот на август. Многу локали и дуќани, вклучително и рестораните па дури и фризерските салони, во оваа прилика беа отворени во невообичаено работно време.
Џош Михан, сопственик на берберница „The Bearded Man“ во Мелбурн за Reuters изјавил дека речиси му се исполенти сите термини за следниот месец и дека ги поттикнува клиентите да закажуваат термини веќе за Божик.
„Сите сакаме да се дотеруваме и толку е убаво чувството да се биде опкружен со луѓе. Го повикав нашите клиенти да проверат дали ги резервирале своите термини за Божик“, рекол.
Слични весели сцени медиумите регистрираа и во најголемиот австралиски град Сиднеј, пред две седмици, кога властите започнаа да ги ублажуваат ограничувањата со растот на стапката на вакцинираните против Covid-19.
Малку повеќе од 70 отсто од возрасните лица во Австралија сега се потполно вакцинирани, а многу научници планираат повторно да отпатуваат во странство, бидејќи меѓународните ограничувања за патувањата почнуваат да олабавуваат во ноември. Така, од возрухопловната компанија „Qantas Airways Ltd“ во петокот објавија дека ќе ги забрзаат плановите за повторно воспоставување на летовите до многу дестинации и да се зголмат бројот на летовите поради „огромното побарување“.
„Ова е прекреаен ден, Австраија е подготвена за полетување“, изјави премиерот Скот Морисон набрзо по објавувањето на „Qantas Airways Ltd“.
Според ублажени мерки во Мелбурн, рестораните и кафулињата може да ги отворат вратите со до 20 луѓе на затворено и 50 на отворно, но сите мора да бидат вакцинирани. Десет гости може да се соберат во дом. Маските и натаму се задолжителни.
Австралија поголемиот дел од годинава главно мина без вирус сѐ додека третиот бран на коронаинфекциите поттикнат од делта варијантата на коронавирусот од крајот на јуни не се прошири на југоистокот од земјата, поради што во најголемите градови беа воведени повеќемесечни блокади. Жариштата беа во Сиднеј, Мелбурн и австралиската престолнина Канбера, додека остатоткот од земјата е главно без Covid-19.
Повторното отворање на Мелбурн ќе биде поттик за стопанството на земјата, откако неодамнешната блокада го турна на работ од рецесијата.
Дури и со епидемијата од делта варијантаа, бројот на заразените и починатите во Австралија и натаму е многу понизок од она во многу споредливи земји според вкупната популација, од околу 26 милиони жители има досега 152.000 случаи и 1.590 смртни исходи.