
Во дуелот на првите две екипи на табелата, лидерот Шкупи дојде до трите бода и се зацврсти на врвот во ПМФЛ.
По мирното прво полувреме, Нигериецот Адетуњи во 55 минута постигна погодок за водство на Шкупи од 1:0 а во 69 минута Алаварез го зголеми водството на 2:0.
На десетина минути до крајот Ренова преку Мустафов намали на 1:2 за интнересен финиш на мечот, но тоа беше и конечниот резултлат.
В недела од 14 часот се играат останатите натпревари: Борец – Академија Пандев, Скопје – Тиквеш, Македонија ЃП – Струга ТЛ, Пелистер – Брегалница и Шкендија – Работнички.