
Од срце би сакал да ви се заблагодарам за масовната поддршка која што ми ја дадовте во првиот круг на овие избори, вели кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Македонска Каменица, Димче Атанасовски.
Очигледна е победата на ниво на целата држава Република Македонија, вклучително и во Македонска Каменица.
„Искрено се надевам и ве замолувам сите заедно масовно да излеземе на 31-ви да го заокружиме бројот 7 за просперитетна и успешна Македонска Каменица“, посочува тој.