
Во СВР Скопје вчера во 17.05 часот било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен малолетник со телесни повреди од остар предмет.
По преземени мерки било констатирано дека настанот се случил околу 16 часот на улицата „Џон Кенеди“, а малолетникот бил повреден од друг малолетник поради расправија за девојка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.