Малолетничка вознемирувана со допири и порнографски содржини

На 22.10.2021 во 14.00 во Богданци, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода 36-годишниот А.Г. од Богданци, поради сомнение дека вознемирувал малолетничка од Богданци, со прикажување фотографии со недолична содржина и допирање по телото.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.