
Во 10 часот утринава, Општинската изборна комисија Гази Баба ми го додели уверението за избран градоначалник на Општина Гази Баба, стои во Фејсбук статусот на Бобан Стефковски.
– Се заблагодарив на членовите на Општинската изборна комисија за професионално спроведениот изборен процес за градоначалник на Општина Гази Баба и посакав успешно спроведување и на вториот круг за избор на градоначалник на Град Скопје, пишува тој.