ВМРО-ДПМНЕ во 9:30 часот најави нови информации од аферата злосторничко здружување на полицајци во служба на СДСМ

“Измислете прекршок и отстранете го”, “кој е на црниот список на возила на МВР за малтретирање граѓани”… и многу повеќе детали од режимот под команда на Заев и Спасовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата за денеска најави нови информации од аферата, како што велат, злосторничко здружување на полицајци кои му служат на СДСМ, насочени кон следење, притисоци и малтретирање на неистомисленици со власта.

-Следете ја прес-конференцијата утре во 09:30 часот, велат од партијата.

Од партијата вчера почнаа со обелоденување на скандалот, а повеќе за тоа може да прочитате ТУКА.