ФОТО| Кога голфот станува жежок – Пејџ Спиранак

Пејџ Спиранак е американска професионална голферка и фитнес-модел, израсната во семејство на професионален рагбист и мајка балерина, со спорт се занимава од средношколските денови и има освоено неколку престижни награди.

Како девојче, Пејџ замислувала да стане гимнастичарка, па дури и почнала со тренинзи, набрзо добивајќи покана за националниот гимнастичарска селекција на САД. Но девојката доживеала фрактура на пателата и по повредата била принудена својата кариера да ја развива во друга насока.

Сепак, Пејџ не била подготвена да се откаже од спортот и трагала во која активност може одново да започне. Откако се пробала во многу спортови, девојката се вљубила во голфот, почнала да игра во јуниорските категории, а на колеџот станала и капитен на женската екипа. Во големиот голф влегува во 2015 година учествувајќи на турнирот Omega Dubai Ladies Classic. Таму веќе го привлекла вниманието на големите спонзори, иако нејзиниот настап не бил најдобар.

Така, уште во текот на студиите почнала да објавуваа фотографии, од разни места и од своите вежби и достигнувања, на социјалните мрежи и брзо стекнала популарност. Пејџ набрзо се стекнала со армија обожаватели, а благодарение на професионалната кариера во голфот може да патува на многу егзотични дестинации ширум светот. Сега редовно учестува на натпревари и работи како модел за разни компании за спортска опрема.

И натаму на Instagram продолжува да ги демонстрира своите голферски вештини и беспрекорната фигура моделирана со вежбите.