Од вкупно 124 починати во една седмица, 27 биле вакцинирани

Во период од 15-ти до 21-ви октомври во Македонија починале 124 пациенти со Covid- 19, од нив над 78 отсто биле невакцинирани, а 27 од починатите примиле вакцина и ревакцина, соопшти во вторникот Министерството за здравство.

Еден пациент е вакциниран со Pfizer/BioNTech, двајца со вакцина AstraZeneca, шест починати пациенти со Covid-19, примиле вакцина Sinovac, а 16 пациенти примиле вакцина од производителот Sinopharm, двајца пациенти биле вакцинирани со вакцината Спутник V.

Министерството за здравство ја објавува неделната информација за починати лица со Covid-19 кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани.

За комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози вакцинite, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.