
Државата изборна комисија во вторникот потврди дека на локалните избори одржани на 17 октомври во првиот круг за градоначалник на Општина Кисела Вода е избран Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Потврдата пристигнува по завршување на сите постапки по однесените приговори за гласањето.
Согласно тоа, ДИК потврдува дека новиот градоначалник на Кисела Вода е Ѓорѓиевски.
Претседателот на ДИК, Александар Даштевски истакна дека по завршување на постапката со приговорите за градоначалник на Општина Планица избран е Алија Јаоски од ДУИ.