
Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими членовите на заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања со Република Грција.
На средбата членовите на комисијата го информираа претседателот Пендаровски за досегашната работа како и за наредната средба на двете комисии, која е закажана за следниот месец.