
Заеднички и во соработка со Тимчо Муцунски, градоначалник на Општина Аеродром, Дарко Костовски, градоначалник на Општина Бутел и Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба, ќе ги искористиме сите свои потенцијали, капацитети и способности за да го направиме нашето Скопје, модерна, современа и европска метропола, истакна Данела Арсовска, кандидатот за градоначалник на Град Скопје поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.
-Само со чесно работење, реализација на клучните проекти и добро смислена стратегија за градот, поддржана од сите учесници во креирањето на политичките и општествени процеси, ќе ја исполниме целта за подобро место за живеење за сите жители на Скопје.