
Данска ги олесни КОВИД правилата за влез на државјаните на Македонија.
Со најновата одлука на данските авторитети, нашите државјани ќе можат да влезат во Данска, без ограничувања или валидни причини но, потребно е да приложат валиден ЕУ дигитален сертификат кој што вклучува потврда за вакцинација (одобрени од ЕМА)/потврда за закрепнување (не постара од 12 месеци) или негативен ПЦР тест.
Инаку, со најновата одлука на италијанските власти, Македонија се преместува од листа Д во листа Е, со што не е дозволено туристичко патување за државјаните на Македонија во Италијанската Република. Притоа на нашите државјани им се дозволува влез исклучиво за: работни потреби; апсолутна итност; здравствени потреби; потреби за студирање; враќање во својот дом или живеалиште.