
Првиот работен ден го започнав со увид на текот на неколкуте започнати, но недовршени проекти, ова вечерва преку статус на Фејсбук го пишува новиот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
-Направивме обиколка во општината, каде затекнав намалена работна активност. Ова го менуваме уште од утре.
Сите започнати проекти ќе мора да се завршат во рекорден рок, а од понеделник започнуваме со реализација и на проектите на кои се обврзавме во изборниот период.
Затоа што Кисела Вода заслужува, стои во неговиот пост на Фејсбук.