Тоа што актуелната власт и градоначалникот во заминување ми го прават мене ги поминува сите граници на нормалното

Тоа што актуелната власт и градоначалникот во заминување ми го прават мене ги поминува сите граници на нормалното и не доликува на една демократска држава.
Пред малку, до јавноста, до медиумите, но и до тие што водат црни кампањи против мене, упатив три пораки, вели кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска на својот Фејсбук профил.

„Првата порака се однесува на причините што стојат позади лажните наводи што ги извадија за мене во текот на последните денови. Ваквите црни кампањи ги водат со цел да свртат внимание од вистинските криминали, тендери и скандалозни договори на Петре Шилегов.
На денешната прес конференција, покажав повеќе документи поврзани со актуелниот градоначалник и криминалите и нерегуларностите што ги правел за време на својот мандат.
Со втората порака одговорив на Заев и таквите како него кои велат дека сум била некаква инсталација на друга земја. Јас можам само да бидам некој кој ќе ги застапува скопјани, ќе реализирам се што сум ветила. А на Заев ќе му порачам дека тој е заложник на многубројни инсталации, капитално и политички врзан, а сето ова граѓаните на Македонија го гледаат секој час од нивните животи со секоја ваша одлука. Особено знаат дека тој ги продаде македонските национални интереси.
Третата и последна порака, ја посветив на фактот дека сум горда Македонка од Скопје. Обвинувањата за мене и за моето семејство, родители, дете, сопруг и обвинувањето за наводното бугарско државјанство се чиста лага и последица на стравот од пораз. Црната кампања нема да ве направи победници, само ќе продолжете да тонете“, истакнува Данела.

https://www.facebook.com/ArsovskaDanela/posts/422967362788534