Фрлал летоци од политичка партија, па завршил претепан во болница

Ноќта кон четвртокот околу 2,40 часот во Полициската станица Карпош, 25-годишниот Д.С. од скопското село Шишево пријавил дека во неговиот угостителски објект на улицата „Есперанто“ бил физички нападнат од едно лице затоа што во корпа за отпадоци фрлил летоци од политичка партија, кои неколку други лица ги фрлиле на летната тераса.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и било утврдено дека во Градската општа болница „8-ми Септември“ со повреди бил однесен 31-годишниот М.Ѓ. од Скопје.

Во разговор со полициски службеници тој изјавил дека на улицата „Есперанто“ бил физички нападнат од повеќе лица.

На местото било пронајдено оставено патничко возило „фолксваген џета“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.А. од Скопје, во кое имало летоци и рекламен материјал од истата политичка партија.