Наполи сигурен против Болоња и повторно на врвот

Napoli and Bologna FC at 'Diego Armando Maradona' stadium in Naples, Italy, 28 October 2021. ANSA / CIRO FUSCO

Фудбалерите на Наполи на својот терен во 10-то коло од Серија А ја совладаа Болоња со 3:0 и повторно го преземаа врвот на првенствената табела.

Стрелци за Наполи беа Фабиан Руиз во 18 и Лоренцо Инсиње кој реализираше два пенала во 41 и во 62 минита.

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмаз го започна мечот на позицијата веднаш зад централниот напаѓач на наполитанците, а во 75 минута беше заменет со Дриес Мартенс.

Екипата што ја води Лучано Спалети ја оствари и деветтата победа, и како Милан со кого е израмнета на врвот со по 28 бодови, има и едно реми и досега не забележаа пораз. Третопласираниот Интер заостанува седум бодови. Болоња е 12-та со исто толку бодови.