
На 27.10.2021 во 07:20 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, од Итна медицинска помош било пријавено дека во дом во Скопје на ул.„Гвадалахара“ имало починато бебе.
Полициски службеници од Полициското одделение излегле на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител телото било дадено за обдукција.