
Американската претпреимачка, бодибилдрерка, модел и професионален борач Селест Берил Бонин родена во сојузната држава Тексас во 1986 година и настапуваше во категоријата до 61 килограми и покрај својата височина од само 168 цантиметри е пример кога ниските девојки одушевуваат со совршено обликуваното тело.
Долго време младата вљубеничка во спортот живеела во Бока Ратон на Флорида, но неодамна со својот сопруг се врати во родниот Хјустон, каде што е родена како Селест Браун. Живеела како и повеќето нејзини врсници во младоста до моментот кога во 2006 година решила да учестува на значајниот натпревар NPC John Sherman Classic Bodybuilding Figure and Fitness. Се покажало дека тоа било правилна и решавачка одлука, бидејќи Селес победила. Подоцна девојката го зазема петтото место на натпреварот во бодибилдинг на Арнолд Шварценегер. И покрај, речиси минијатурниот раст во споредба со конкурентките, многу набрзо успева да го доведе своето тело во одлична форма.
Веќе година подоцна, мотивираната девојка влезе и меѓу првите пет на шампионатот Musclemania Superbody. Во 2008-та Бонин добива шанса да стане дел од календарот Hard fitness, во кој ѝ е доделена почесната улога на жешката Мис Ноември. Истовремено, била 16-то пласирана во младинските национални натпревари, а година подоцна Селест ја понесува титулата „Hottie of the Day“ на популарниот магазин Flex.
Но очигледно на активната и насочена Селест ѝ здодеало да се задоволува со највисоките позиции на натпреварите за титулата најсекси бодибилдерки, па во 2010 година првпат учествува на првеството во борење на Флорида во натпреварите во костим за капење. Само неколку месециу подоцна земајќи го псевдонимот Кејтлин заедно со Наом влезе во митската борба со ЕјЏеј и Аксана. Селест, која продолжува да настапува со псевдонимот,учествува во третата сезона на легендарното телевизиско шоу NXT, кога цела сезона се соочува со главната ривалка Вики Гереро, со која редовно имаа судири и надвор од рингот. По неколкуте победи и порази во финалето на сезоната, Кејтлин усепа да ја победи Наоми и да победи во шоуто.
Во 2011-та поединечната борба со Роза Мендез заврши со пораз на Кејтлин, но по три месеца во тандем со Ноаими ѝ се реваншира на ривалката која настапи во тандем со ЕјЏеј. По уште неколку неуспешни борби, Селест имаше можност да се бори за шампионската титула на Флорида, но и оваа борба не заврши во нејзина полза. Но продолжува со борбите во тандеми и во победи на големите женски ѕвезди на борењето.
Во 2012-та Селест се здоби со тешка повреда по напад надвор од сцената, поради што не настапуваше во рингот подолг период. Враќањето не беше спектакуларно, па заредија поразите. Но сепак во 2013-та Кејтлин станува првата во историјата NXT дива, која ја освојува најважната женска награда во WWE. Сега, Селест се определи за промоција на облека и фитнес-тренинзи за свое задоволство.