ФОТО| Со што Валерија Орсини ги покори сите?

„Џебната“ убавица со само 160 сантиметри височина и тежина од 52 килограми, во чиишто вени тече колумбиска, италијанска и порториканска крв е родена на почетокот од 1990 година во американска Џорџија, а нејзините главни активности се фитнес модел и блогерка којашто на Instagram веќе ја следат повеќе од четири милиони корисници.

Валерија не се здржала долго во родниот град Атланта, и кога имала само две години нејзините родители се преселиле во Мајами. Таа е единственото нивно дете и за родителите не сака многу да зборува, бидејќи претпочита да ја заштити нивната интима.

Во светот на спортот влегува со 13 години, почнувајќи да се занимава со бокс, но во текот на напорните тренинзи ѝ недостига сила, па затоа по консултациите со тренерот започнува активно да работи со кревање товар. А токму тоа, како што ќе се покаже подоцна, бил клучниот момент за нејзината идна кариера како фитнес модел. Истовремено, нејзината врсничка Сузи Кортез, на пример, вели дека го избрала патот на фитнес модел само за да се појави на телевизија, но веќе неколкупати ги освојувала признанијата како сопственичка на најатрактивниот задник.

Веднаш по завршувањето на средното училиште, Валерија е цврсто решена да постигне успех во манекенството. Сепак, за достигнување на првите почувствителни успеси ѝ се потребни неколку години, кога морала и да работи за да се издржува и да се надоградува. Првиот резултат е поканата за снимање за популарно фитнес списание, каде манекенката ја претстави завидната фит-форма. По ваквото деби, нејзиниот профил на Instagram е преплавен со нови корисници, а понуди за работа доаѓале од сите страни.

И до денес, таа е баран модел а жешките фотографии на Валерија Орсини можат да се видат не само на нејзиниот блог на социјалната мрежа, туку и во многу реномирани списанија.

Снимките на моделот не можат да се оценат како „многу чедни“, а Валерија се обидува да се прикаже во најдоброто издание. И покрај тоа, таа е прилично таинствена за личниот живот и не ги открива тајните за нејзините минати и сегашни врски. На обожавателите им останува само да претпоставуваат и секогаш ѝ припишуваат нови романси.

До друга страна, Валерија сака да се држи подалеку од масите, сака да се одмори од вниманието на обожавателите, поради што често посетува далечни осамени и затворени за јавноста дестинации. Моделката многу ги сака животните а нејзиниот миленик кутрето Пени ја придружува на патувањата секогаш кога тоа е можно.

Валерија ја следи репутацијата дека е прилично строга кон себеси во текот на тренинзите. Вежба најмалку пет пати седмично, а најголем дел од нејзините вежби се насочени го зголемување на силата. Ги практикува и боречките вештини џиу-џицу и мау-тај, и е исклучително внимателна во поглед на исхраната од која ги исклучува слатките и брзата храна. Според неа, без соодветна исхрана и само со тренизни во теретана не можат да се постигнат никакви резултати.