Криптовалута инспирирана од тв-серија поскапе за 25 пати во еден ден

Создадена врз основа на јужнокорејскиот телевизиски серијал „Squid Game“ криптовалутата SQUID доби на вредноста во еден ден дури 25 пати, односно скокна за 2.400 отсто, откако во тргувањето во четвртокот чинеше 2,2 американски долари а во петокот надмина 3,5 долари во однос на почетната цена од 1 цент, објави телевизиската мрежа CNBC News.

Според информациите на телевизијата, капитализацијата на проектот надминала 200 милиони дилари. Според податоците за криптовалутите, прелиминарната продажба на SQUID започнала на 20-ти октомври а била постаена на една од платформите за трговија на 21-ви октомври. Во петокот во доцното претпладневно трување според платформата CoinMarketCap, SQUID е проценет на 3,6 долари за единица.

SQUID (лигња) е една до криптовалутите кои се инспирирани од феномените на поп-културата, „покажувајќи нагло зголемување без очигледна причина, освен според добрата препознатливост“, се наведува во прилогот на CNBC. Како сличен пример се посочува на криптивалутите Shiba inu и Dogecoin, кои се инспирирани од содветните интернер-мема.

„Забележително е дека многу такви криптовалути брзо го привлекуваат интересот на инвеститорите, што доведува до дива преценетост (на вредноста). Наивни индивидуални инвеститори фатени во ваква шпекулативна безумност може да се соочат со ризик од сериозни финансиски загуби“, коментираше за британскиот јавен сервис BBC Есвар Прасад од Универзитот Корнел.

Во прилогот на CNBC, исто така, се предупредува дека некои лица кои поседуваат криптовалути од серијата „Squid Game“ се соочиле со неможноста натаму да ги препродадат на онлајн-платформите. Се претпоставува дека тоа се должи на антидампинг ограничувањата на програмерите, смета телевизијата.

Втора карактеристична одлика на овој проект е можноста да се користи криптовалутата за учестви во онлајн игрите кои се базираат на телевизиските серии. За учество во секое ниво треба да се плати со критповалутата, а победниците добиваат награда во неа. Во прилогот на CNBC се истакнува дека котизацијата за последното коло во четвртокот била проценета на околу 33.450 долари. Организаторите ќе задржат 10 отсто од вкупната вредност на котизациите.

Јужнокорејскиот серијал „Squid Game“ првпат беше емитувана на Neflix на 17-ти септември, а една седмица подоцна беше на врвот според гледаноста. Серијалот се најде на врвот не само во глобалното рангирање, туку и во повеќето поединечни земји со големи пазари на ваквиот вид платформи како што се САД и Русија. Во новиот серијал се раскажува за тајна игра за преживување во која луѓето чиишто животите се западнати во ќорсокак, ги ризикуваат своите животи за да добијат големи награди.