
Во општина Теарце, село Нераште, Изборна единица 2029/1, откако не е пронајден на УБИГ, гласач манифестирал вознемиреност која поминала во агресија.
Граѓанинот се нафрлил врз член на ИО и за малку не дошло и до физички контакти.
Со брза и коректна интервенција на останатите членови на одборот, ситуацијата е смирена и гласачот го остварил правото на глас со ставање отпечаток од прст директно во избирачкиот список.