
Тетовската градоначалничка и кандидатка за нов мандат од ДУИ, Теута Арифи денеска своето право за гласање го оствари на гласачко место 1946 во ООУ „Истигбал“ во Тетово.
– Денеска е еден многу важен и убав ден, е ден кога со вториот круг на гласање одлчуваат кој ќе го води нашиот град. Тоа што е најважно и најважен е тој факт да изборите поминат во добра атмосфера во една слободна и демократска атмосфера за да сите граѓани масовно го даваат својот глас и својата поддршка. Апсолутно сум убедена дека граѓаните знаеле и ќе знаат да ценат работата што е вршена за нив, сите потешкотии низ кои сме поминале и целата спремност да продолжиме и понатаму да работиме за нашиот град и во целина за нашите граѓани, изјави Теута Арифи.