
Лионел Меси во изјава за „Спорт“ од Шпанија потврди дека Барселона е негова прва и единствена спортска љубов, еден ден сака да се врати и тоа како член на управата.
-Секогаш сум тврдел, сакам да се вратам во клубот, да му помогнам, на кој било начин, како член на управата, да му помогнам да напредува, тоа не е некоја тајна, изјавил Меси.
Меси потврди дека никој од клубот не барал од него да игра бесплатно, се сложил да игра за 50% помала плата, сакал да остане во Барселона.
-Претседателот Лапорта кажа некои работи кои ме повредија, како да сакаше да заминам, не побара од мене да играм бесплатно, изјави Меси.