
Новоизбраниот градоначалник на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, заедно со претседателот на Советот на општината, Дејан Митевски, направи увид на градежни активности кои се превземаат во општината, меѓу кои и реконструкција на веќепостоечка градинка.
Од таму, Муцунски најави изградба на две нови градинки во текот на следната година.
„Ние ветивме во нашата програма четири нови градинки во еден мандат и веќе од следната година сме подготвени да отпочнеме со постапка за две нови. Тоа е еден од клучните приоритети во нашата општина, бидејќи има недостаток на места, а тоа создава огромен проблем за родителите и семејствата и во таа насока веќе од првиот ден сме фокусирани на тоа што е најважно- решавање на проблемите на граѓаните и обезбедување на подобар живот на граѓаните“, истакна Муцунски.