Каракачанов: Загрижени сме за изборниот триумф на ВМРО-ДПМНЕ

Резултатите од локалните избори во Северна Македонија покажаа дека и нашите браќа таму гласаат тврдоглаво, без јасна перспектива, како во Бугарија. Ова не е чудно со оглед на неспорниот факт дека сме еден народ. Сепак, таквото гласање е едноставно протест, а не решение на проблемите. Напротив, дури и ги продлабочува, пишува во Фејсбук статус бугарскиот политичар Красимир Каракачанов.

Тој во постот наведува дека Македонија влегува во опасна турбуленција, во која тие се наоѓаат повеќе од половина година.

„И голема заблуда е да се мисли дека без јасен увид за последиците, таму може да се решат горливите проблеми. А се можеше да биде многу поедноставно доколку Зоран Заев и неговата влада направеа напори да ги спроведат условите предвидени во Договорот за соседство. Така би продолжиле преговорите со ЕУ, а во нив Северна Македонија би го имала бугарското рамо, како што се обврзавме. Но, не постои начин само една земја да ја почитува својата посветеност на меѓународните договори.

Реалноста е дека преговорите никогаш не почнале, бидејќи односите меѓу двете земји се на точка на замрзнување, а правата на Бугарите кај Вардар се на ниво на „Титова Југославија“. Се разбира, загрижени сме за изборниот триумф на ДПМНЕ – оние кои зборуваа за кршење договори, враќање на натписите на спомен-таблите во РСМ, дефинирање на нашата земја како фашистички окупатор и повикуваа на сеопфатна дипломатска офанзива на ЕУ против Бугарија“, стои во статусот на Каракачанов.