
Општина Кисела Вода денес започна со чистење на дивата депонија во месноста викана Дупки во населбата Драчево. Ова е првиот чекор кон финалното отстранување на сите депонии во општина Кисела Вода, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој беше на терен заедно со службите.
-По целосното расчистување на ова место, на површина од околу 4.000 м2, ќе се направи зелен парк кој ќе нуди и многу дополнителни содржини. Ќе се изгради детско игралиште, катче за пензионери, ќе се постават клупи и корпи за отпадоци. Ова е првиот чекор кон финалното отстранување на сите депонии во оваа општина. Кисела Вода мора да биде чиста општина, затоа што тоа го ветивме и на тоа се обврзавме- подвлече градоначалникот Ѓорѓиевски.