
Претставници на унгарскиот конзервативен Центар за основни права (ЦПАЦ) го посетија Вашингтон како дел од активностите за организирање на големата конзервативна конференција во Будимпешта во март 2022. Унгарија забрзано станува водечка дестинација за конзервативни политичари, мислители и новинари во Европа.
– Сите ние ја браниме истата цивилизација и веруваме во истите врдности, изјави Миклош Санто од ЦПАЦ.
Санто се сретна со Мет Шлап, директор на Американскиот конзервативен сојуз, која го организира американскиот ЦПАЦ собир. Во соработка меѓу двете организации, Унгарија следната година ќе биде домаќин на водечките десничарски мислители од САД, Европа и ширум светот.
– Американските и унгарските конзервативци се обединети не само преку нашите споделени вредности, преку нашата верба во Господ, татковината и семејството, туку и преку бруталните напади врз нашите вредности што ги вршат социјалистите и либералите во двете земји. Нашата единствена шанса да го одбиеме овој напад врз конзервативните вредности низ целиот свет е ако покажеме дека можеме да се обединиме и заедно да се спротиставиме на прогресивното лудило кое и се заканува на целата човечка цивилизација, изјави Иштван Ковач, стратегиски директор на унгарскиот ЦПАЦ.