
Европската комисија ја забележа оставката на премиерот Зоран Заев и порачува земјата да продолжи со реформскиот процес, вели Ана Писонеро, портпаролката на Комисијата во изјава за ТВ 24.
Според Писонеро, официјален Брисел го следел вториот изборен круг преку мисијата и набљудувачите ОБСЕ/ОДИХР и порачува властите и сите засегнати страни ефикасно да ги адресираат преостанатите и претстојните препораки на меѓународната мисија на навремен и инклузивен начин.
На прашањето за став за оставката на Заев, но и за свечените изјави на новите советници во скопската општина Аеродром и Штип без уставното име на земјата, од Писонеро вели
„Ја забележуваме најавата на премиерот Заев за оставка. Важно е земјата да продолжи да ги спроведува реформите поврзани со ЕУ. Ги охрабруваме новите градоначалници и членовите на општинските совети да придонесат за унапредување на реформската агенда на ЕУ во интерес на сите граѓани“, изавила Писонеро .
За оставката на Заев од американската амбасада за телевизија 24 изјавиле дека САД внимателно ги следи случувањата и очекува понатаможна соработка.
„Соединетите држави ја сметаат Северна Македонија како доверлив и ценет партнер во регионот и со нетрпение очекуваат продолжување на соработката со владата на Северна Македонија во областите од заеднички интерес додека го продолжува напредокот што го постигна во евроатлантската интеграција“, соопшти амбасадата на САД во Скопје.
Изборниот пораз и повлекувањето на Заев од функциите предизвикаа реакции во Софија и Атина. Поранешниот бугарски вицепремиер Красимир Каракачанов смета дека Македонија влегува во „опасни турбуленции, дека народот гласал тврдоглаво и од инаер“, а Заев „пропуштил шанса“ да го реши прашањето со Бугарија
„Се разбира дека нема шанси да кажеме дека изборите да не создаваат проблем ниту триумфот на ДПМНЕ – оние што зборуваа за кршење договори, за обновување спомен-плочи во РСМ, дефинирање на нашата држава како фашистички окупатор и повикуваа на целосна дипломатска ЕУ-офанзива против Бугарија“, изјави Каракачанов .
Грчкиот весник Kathimerini во своја анализа оцени дека оставката на Заев е порака и за Грција. Катимерини пишува дека Зајакнувањето на опозицијата, која е против договорот за името со Грција, не навестува добро за билатералните односи или за регионалните случувања.
И германскиот весник Frankfurter Allgemeine Zeitung го анализираше, како што се истакнува во написот – поразот и оставката на Заев, е и пораз на Европската унија. Тие прогнозираат дека дека Никола Димитров е кандидат за технички премиер на новата влада.