
Велика Британија објави во четвртокот дека го одобрила „молнупиравир“, лекот против Covid-19 кој го разви американската фармацевтска компанија „Merck“, апчето кое се најавува како клучно средство во борбата против пандемијата на коронавирусот.
Во Велика Британија десга во пандемијата починале повеќе од 140.000 заболени. Притисокот верз болниците се зголемува со по илјада хоспитализирање дневни и е близу 9.000 во моментов ковид-пациенти во британските болници.
„Денеска е историски ден за нашата земја, бидејќи Велика Британија е првата земја во светот која го одобри антивирусниот лек против Covid-19, кој може да се земе дома. Тоа го менува животот за најранливите и имунокомпромитираните, кои наскоро ќе примат револуционерен третман“, истакнува во писмената изјава министерот за здравство Саџид Џавид.
„Молнупиравир“го одобри британската регулаторна агенција MHRA за употреба кај лицата со благи до умерена форма на Covid-19 кои имаат најмалку еден фактор од ризикот за развојот на тешка форма на коронавирусната болка, како што се дебелината, повисоката возраст од 60 години, дијабетес и срцеви болести.
Антивирусните лекови, како што е „молнупиоравирот“ ја намалуваат способноста на вирусот да се реплицира, со што ја забавува болеста. Нивната промена може да биде двојна: во спречување на развојот на тешки симптоми, а за оние кои биле во близок контакт за да не ги развијат. Им се препишуваат на пациентите во рок од неколку дена по позитивниот тест и за половина ги намалува бројот на хоспитализациите, покажале клиничките испитувања.
Британската влада, соочена со високи стапки на заразата со Covid-19, објави на 20-ти октомври дека нарачала 480.000 кутии „молнупиравир“. Потпиша и договор за 250.000 кутии од лекот „ритонавир“, антивирусниот лек на американската фармацевтска компанија „Pfizer“ кој веќе се користи за ХИВ-от и чија ефикасност против коронавирусот сѐ уште се испитува.
Франција, пак, првично нарача 50.000 дози од апчињата на „Merck“. И Париз ќе го намени за најчувствителните пациенти за да се намали притисокот врз болниците.
Што е „молнупиравир“ и колку е ефикасен?
Многу луѓе мислат дека „молнупиравир“ е одлично решение бидејќи на тој начин можеме да се лекува против коронавирусот без хоспитализација. Имено, кога на пациентот ќе му биде дијагностицирана инфекција со Covid-19, тој може да започне со терапија со овој лек и да зема четири капсули од 200 милиграми (вкупно 40 таблети) два пати на ден во период од пет дена.
„За разлика од вакцината, која предизвикува имунолошки одговор, молнупиравир се меша со репликацијата на вирусот“, вели Санџај Сенајаке, специјалист за заразни болести на Австралискиот национален универзитет.
Прелиминарните резултати од третата фаза од клиничките испитувања спроведени од фабриката Мерк на повеќе од 700 невакцинирани пациенти покажаа дека таблетата може да го намали ризикот од хоспитализација или смрт за приближно 50 проценти во споредба со пациентите кои земале плацебо.
Учесниците примиле таблета или плацебо во текот на студијата во рок од пет дена од почетокот на симптомите на инфекција, а ниту еден од оние кои примиле молнупиравир не починал во рок од 29 дена, за разлика од оние осум испитаници кои примале плацебо.
Фази на клинички испитувања
За да биде одобрена, вакцината или лекот мора да помине низ три фази на клинички испитувања. Мал број испитаници учествуваат во првата фаза, вообичаено помеѓу 20 и 100 (или поретко неколку стотици), така што таа одредува прелиминарна проценка за безбедноста и ефективноста на лекот.
Во втората фаза се тестира ефикасноста на вакцината или лекот на голем број субјекти, најчесто меѓу 50 и 300, па се анализираат различни начини на имунизација, односно примена на дози.
Во третата фаза учествуваат најголем број испитаници – од неколку стотици до десетици илјади, во зависност од болеста за која се развива лек или вакцина. Во овој момент, одреден кандидат се споредува со плацебо за да се испита вистинската ефикасност на вакцината или лекот што се развива, а безбедноста дополнително се тестира и се идентификуваат несаканите ефекти.
Ограничени залихи
Од „Merck“ објавија дека може да произведе 10 милиони третмани до крајот на годината, но дека голем дел од тие акции веќе се откупени од владите ширум светот.
Азиските земји побрзаа да го нарачаат овој најнов потенцијален лек против Ковид. Според аналитичката компанија, најмалку осум земји во азиско-пацифичкиот регион, вклучувајќи ги Нов Зеланд, Австралија и Јужна Кореја, веќе потпишале договори или се во преговори за купување на лек произведен од американската компанија Мерк.
Можни несакани ефекти?
Од „Merck“ сè уште не ги откриваат поединостите за можните несакани ефекти од земањето „молнупиравир“, освен што беше наведено дека нивното ниво е слично кај оние субјекти кои го земале лекот и оние кои примале плацебо.
Бидејќи лекот го таргетира ензимот што коронавирусот го користи за репродукција и внесува грешки во неговиот генетски код, некои експерти веруваат дека молнупиравир потенцијално може да предизвика мутации што доведуваат до некои дефекти или тумори.
За време на студијата, испитаниците, и мажи и жени, добилеинструкции да користат контрацепција или да се воздржат од интимни односи. Бремените жени биле исклучени од студијата. Компанијата објави дека лекот е безбеден кога се користи во согласност со упатствата.
Колку чини лекот
Засега не е познато колку азиските земји ќе платат за купување на овие таблети. Соединетите држави се согласија да платат 1,2 милијарди долари за 17 милиони третмани доколку лекот биде одобрен, што значи дека САД во тој случај би платиле околу 700 долари по третман.
Аналитичарите утврдија дека производството на третман со молнупивир, врз основа на пресметката на цената на суровините, треба да чини околу 18 долари. Џинтарис Готам, кој се занимава со анализа на пристапот до лекови, рече дека е вообичаено фармацевтските компании да наметнуваат голема компензација за лековите, но додаде дека сепак бил изненаден кога би ја видел високата цена на молнупивир.
Компанијата „Merck“ не потврди дали проценките на аналитичарите се точни, но во писмената изјава за CNN наведува дека тие пресметки не ги земаат предвид трошоците за истражување и развој.
„Со оглед на тоа што засега не е одобрен за употреба во САД, сè уште не ја утврдивме цената за молнупиравир. Имаме преддоговор со американската влада и таа цена е специфична за одредена количина ‘молнупивир’ и не ја претставува договорената цена за САД или која и да е друга земја“, велат од компанијата.