Пендаровски со амбасадорот Дерек Мичел, претседател на Националниот демократски институт

Македонскиот претседател Стево Пендаровски ги прими во четвртокот амбасадорот Дерек Мичел, претседател на Националниот демократски институт (NDI), регионалниот директор за Европа, Роберт Бенџамин и регионалниот директор на Институтот за Азија, Манприт Ананд, како и претставници на институтот од Македонија.

На средбата, соговорниците разговараа за севкупните активности на NDI во Македонија во насока на поддршка на демократските процеси во државата, промоцијата на младинското лидерство, поддршка на невладиниот сектор, на изборниот процес, како и поддршка на маргинализирани групи.

Претседателот Пендаровски се заблагодариl за соработката и поддршката од Институтот за Претседателскиот центар за политичко образование и реализацијата на првата Школа за политики, како централна активност на центарот, која во себе обединува учесници со различно потекло и професионално минато и е насочена кон промоција на демократските вредности.

Пендаровски притоа изразил очекување за продолжување на успешната соработка, информираат од кабинетот на шефот на државата.

На средбата, сито така, биле разменети мислења и информации за актуелните состојби во земјата и регионот, состојбата со ЕУ интеграциите, како и соработката на државата со САД.