Ланс повторно на втората позиција

Фудбалерите на Ланс се вратија на второто место на табелата на француското првенство благодарејќи на убедливата 4:0 победа против Троа во првиот меч од 13-то коло во петокот вечерта/.

Целата работа ирачите на Ланс ја завршија во првото полувреме со трите погодока на Арно Калимиендо во 14, Весли Саид во 29 и Џонатан Клаус во 35 минута, а во вториот дел меѓу стрелците се впиша и Прзимислав Франковски во 60 минита.

Ланс има сега 24 бодови, седум помалку од водечкиот ПСЖ, а бод повеќе од третот пласираната Ница а местото му го загрозува и Олимпик Марсеј кој има 22 бодови. Троа сега е 14-та со 13 водови, но на крајот на колото може да падне и за неколку места.

Во сабота се играат во Франција само два меча Лил – Анже и Бордо – ПСЖ, а во недела на распоред се дуелите Марсеј – Мец, Лорион – Брест, Ремс – Монако, Сен-Етјен – Клермон, Нант – Стразбур, Ница – Монпелје и Рен – Лион.