Османи- Пелеши: Македонија и Албанија даваат важен придонес за регионалната стабилност и безбедност

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи денеска оствари средба со министерот за одбрана на Република Албанија, Нико Пелеши, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.

На пленарниот состанок на делегациите беа разменети мислења за билатералните односи, со фокус врз соработката и сојузништвото во рамките на Северно-Атлантскиот сојуз, при што взаемно беше нагласено дека Македонија и Албанија даваат важен придонес за регионалната стабилност и безбедност, како гаранција за севкупниот развој и просперитет на двете земји и регионот на Западен Балкан.

Двајцата министри оценија дека успешната соработка меѓу двете земји, вклучително и во рамките на консолидација на Евро-Атлантската агенда, е од обостран стратешки интерес и во интерес на регионот како целина.