Оставката на Зев петти ден никако да стигне во собранието

ЗА ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Зоран Заев е губитник и што поскоро тој треба да си замине од функцијата.

– Губитникот Заев ги има најголемите порази во историјата на плурална Македонија, време е за промена на централната власт и нова иднина. Зоран Заев кажa дека доколку изгуби ќе си даде оставка. Заев изгуби, а оставката веќе 5 ти ден никако да стигне во собранието. Заев треба веднаш да ја поднесе оставката, а веднаш потоа да се организираат и брзи предвремени избори – порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата што освои најголем број на гласови на локалните избори, порачуваат дека е време за предвремени парламентарни избори.

– Само нови избори ќе овозможат волјата на народот да биде пресликана во собранието, а потоа да има и нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја стави државата на брза трака кон ЕУ, со потребните реформи и забрзан развој – велат од опизициската партија.