
На 04.11.2021 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во атар на с.Горно Коњари, скопско, на место викано „Долг рид“, И.С.(72) од с.Горно Коњари, управувајќи трактор „имт“ се превртел и паднал, а за кусо време им подлегнал на повредите, информираат од МВР.
Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт.
Извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.