Реми на Мајнц и Борусија М

Во првиот натпревар од 11-то коло на германското фудбалско првенство Мајнц 05 и Борусија Менхенгладбах ги поделија бодовите играјќи 1:1.

Гостите од Менхенгладбах поведоа во 38 минута преку Флоријан Нехаус, а за домашните израмни Силван Видмер во 76 минута.

Петтиот Мајнц со овој исход моментлани се задржа на петтото место со 17 бодови, а го загрозуваат Унион Берлин и Волфсбург со по 16, РБ Лајпциг со 15 бодови, а Борусија Менхегладбах остана 9-та со 15 бодови.

На чело на табелата е минхенски Баерн со 25 бодови, бод повеќе од Борусија Дортмунг и три повеќе од Фрајбург, а четвртопласираниот Баер Леверкузен кој има 17 бодови.

Во сабота на распоредот се дуелите Баерн – Фрајбург, Бухум – Хофенхајм, Штутгарт – Арминија, Волсфбург – Аугсбург и дербито РБ Лајпциг – Борусија Дортмунд. Во недала, пак, играат Херта – Баер Леверкузен, Келн – Унион Берлин и Фирт – Ајнтрахт Франкфурт.