Лајпциг ја совлада Борусија Д, Баерн сигурен против Фрајбург

Во дербито на 11-то коло на германската Бундеслига, фудбалерите на РБ Лајпциг пред своите навивачи со 2:1 ја надигра Борусија Дортмунд, додека минхенски Баерн со идентична победа го сочува првото место.

По низата неуспеси притив вечерашниот противник, РБ Лајпциг одигра одличен натпревар во кој го надигра противникот но до победата дојде потешко отколку што ја отсликува реалната сотојба на теренот. Домашните поведоа во 29 минтуа кога Јошко Гвардиол одлично го проигра францускиот интернационалец Кристофер Нкунку кој го заобиколи гостинскиот голман и ја затресе мрежата. Сосема неочекувано без никаква игра, Марко Ројс со одмерен удар во 52 минута донесе израмнување, а по повеќето пропуштени шанси новото водство за Лајпциг го донесе данскиот репрезентативец Јусеф Поулсен во 68 минута по асистенцијата на Нкунки.

РБ Лајпциг скокна на петтото место со 18 бодови, коешто му го загрозуваат шестиот Баер Леверкузен со 17 и осмиот Унион Берлин со 16 бодови кои имаат и меч помалку. Борусија Дортминд остана на втората позиција со 24 бодови.

Баерн во Минхен со победата против третопласираниот Фрајбург се издвои на врвот зголемувајќи ја предноста за четири односно шест бодови. Стрелци за Баварците беа Леон Горецка во 30 минтуа, а предноста во 75 минута ја удвои Роберт Левандовски. Фрајбург успеа само да постигне почесен гол со погодок во втората минута од судиското продолжение на мечот кој го постигна Јаник Хабарер.

Баварците дојдоа до деветтата победа и со 28 бодови на врвот ќе ја пречекаат репрезентативната пауза, а Фрајбург остана трет со 22 бодови.

Изненадувачки и непријатен пораз на свој терен доживеа Штургарт од Арминија Билефилд, на која ова ѝ беше првата победа во новата сезона, а единствениот гол на мечот го постигна Јапанецот Масаја Окугава во 19 минута.

Штутгарт остана моментално на 14-то место со 10 бодови, еден повеќе од зоната на испаѓање, а Арминија остана претпоследна 17-та но сега со 8 бодови.

Непријатен пораз доживеа и Хофенхајм на гостувањето на Бохум. Домашните славеа со 2:0, со головите на Сома Новотни во 66 и Милош Пантовиќ во седмата минута од судиското продолжение на мечот. Бохум во 75 минута имаше и пенал, но голманот Маниел Риеман топката ја испрати далеку над голот.

Хофенхајм остана 10-ти со 14 бодови а го загрозува 11-ти Келн со 23 бодови и 13-та Херта со 12 бодови кои имаат меч помалку.

Три нови бода со минимална домашна победа впиша Волсфбург за кој стрелец беше во 14 минута Лукас Нмеха во дуелот со Аугсбург. Волфсбург со победата дојде до 19 бодови, со што привремено се проби на четвртокот место. Аугсбург има 9 бодови и е 16-ти.

Во недела играат Херта – Баер Леверкузен, Келн – Унион Берлин и Фирт – Ајнтрахт Франкфурт.